Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, по двочасованата средба во МНР, на прес-конференција ја информираа јавноста за најновата ситуација во преговорите за прашањето за името.

– Се радувам на посетата на северната пријателска земја. Ги задржав ветувањата дека кога ќе се смени името на аеродромот ќе дојдам во посета, за да ја отворам втората фаза за согласноста за поврзување на вашата земја со ЕУ. Верувам во нашата соработка за добро на нашите граѓани. Верувам дека направивме чекори за решавање на проблемите кои ги затекнавме. Дека тоа ќе помогне за пријателството на народите, за соработката, коминакацијата, стабилноста, безбедност и за развој на целиот регион. Верувам дека политичките пречки мора да се надминат. Се радувам на средбите со политичкиот врв и сакам да се заблагорадам на премиерот Зоран Заев за можноста за дискусија, но и на останатите со кои ќе се сретнам. Во политиката е лесно да не правиш ништо. Не се сеќавам дека народот многу се жалел или на критики на министрите за нерешавање на проблемите, но животот ги нуди решенијата што е скапо. Министрите за надворешни работи со иницијативата на премиерите имаат должност за наоѓање на решение кое ќе помогне на земјите – истакна Коѕијас.

Тој нагласи дека верува во компромис при решавање на спорот за името.

– Грција излегува од економската криза и за посакуваниот развој мора да имаме соработка на поширокиот регион, кој мора да влезе во ЕУ. Веруваме во чесни договори со кои и двете страни ќе имаат придобики. Веруваме во компромис. Не може да добиеш се што замислуваш, но треба да се добие она што е главно за двете страни и за заедничкиот интерес. Знаеме дека луѓето меѓу двете држави се движат и се посетуваат. Грција со радост ги прифаќа посетителите кои доаѓаат за туризам. но и за бизнис. Народите се блиски и наша должност е да ги доближиме уште повеќе – порача Коѕијас.