Само неколку минути откако јасно и гласно за време на гласањето во грчкиот Парламент извика: „Секако, ДА“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил напиша дека денеска победи политиката на мир, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сега е итно, заедно со пријателите од Северна Македонија да ги спроведеме мерките од позитивната агенда од Договорот од Преспа, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно застанавме на правилната страна на историјата – напиша Коѕијас.