Фото: Архива

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, изјави дека за само една недела, јавноста слуша сосема спротивни ставови од ВМРО-ДПМНЕ. Прво Мицкоски, на 24 април изјави дека не му се јасни вторите 30 дена вонредна состојба и дека првите 30 денови -биле сосема доволни-. Вчера, неговиот потпретседател, Александар Николовски, изјави дека -вонредната состојба треба да продолжи-, па дури и додаде дека тоа -не е прашање на нечија желба-. Пред недела недела Мицкоски вели едно, вчера Николовски вели друго.Каква неодговрност и несериозност. Во ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање. Или Александар Николовски повторно го корегираше Христијан Мицкоски?-