Она што е важно е меѓународната поддршка којашто е евидентна, деновиве ја добиваме буквално од цела Европа, се надевам на позитивен исход искрено, но останува да видиме утре, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, запрашан дали ден пред финалното „да“ или „не“ од Европскиот совет, сè уште течат преговорите со Бугарија.

Костадинов посочи дека Македонија направила сè што требало во однос на интеграцијата во ЕУ.

– Кога станува збор за процес на интеграција и разговори за одреден билатерален проблем и кога разговорите траат, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којшто буквално сè се обидува да изнесе на јавна сцена, сметам дека во ниту една демократска развиена држава таквите процеси којшто се од особена важност, во исклучително важни моменти треба да бидеме трпеливи и да ги оставиме. Она што е важно и она што граѓаните го знаат и она што грѓаните веруваат е дека на секој можен начин се заштитени македонскиот идентитет, македонскиот јазик, но силно веруваме во европската иднина на Република Северна Македонија – рече портпаролот на владејачката партија.