Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседавачот Талат Џафери за денеска во 12 часот го закажа продолжението на првата конститутивна седница на Собранието.

На седницата Џафери треба да биде реизбран за претседател на законодавниот дом.

Предлогот за избор на Џафери е поднесен со потписи од сите 62 пратеници од парламентарното мнозинство на СДСМ со ДУИ и ДПА.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.