УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Aкадемик Коцарев пишува за добро осмислената и агресивна стратегија на лажни и невистинити податоци што се користат против Македонија и македонските дејци, посочувајќи и конкретни примери и сведоштва за тоа. Притоа, претседателот на МАНУ нагласува дека триесет години по стекнувањето независност, за жал, патеката по која се движи Македонија може да заврши во бездна, да доведе до целосно разнебитување, разорување, распаѓање на државата Македонија. „Постои време за сè и сезона за секоја активност под небото.“ Денес е време да се зборува, да се биде гласен, време за помирување меѓу Македонците, за општествен и духовен мир без дивеењата што ги гледаме катадневно веќе со години, време за Македонија со повеќевековно минато и долгорочна просперитетна иднина, пишува Коцарев