фото: Влада на Република Северна Македонија

Во рокот од седум дена ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, изјави Димитар Ковачевски за „Фокус“.
Вчера Централниот одбор на СДСМ одлучи утре да ги распише внатрепартиските избори за избор на претседател, кои ќе се одржат на 12 декември. Изборите за прв човек во партијата се одржуваат со непосредно гласање.

Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на „Американ колеџ“.