Пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива се повлече од списокот и најави дека во иднина нема да дозволи да се одржат седници за пратенички прашања доколку нивниот претставник не биде втор за збор, поради неприфаќањето на барањето Зијадин Села прв да застане на собраниската говорница на денешната седница за собраниски прашања, пренесуваат медиумите.

Опозицијата од албанскиот политички блок ги повлече своите пратеници кои се пријавија за збор по неколкучасовното натегање во врска со редоследот на пратениците кои треба да постават пратенички прашања.

Тие бараа нивниот лидер Зијадин Села прв да се обрати од собраниската говорница, но тоа беше прифатено од страна на собранискиот спикер Талат Џафери.

Џафери посочи дека во списокот кој му бил даден го немало името на Села за поставување пратеничко прашање, откако беше обвинет дека намерно ја блокира работата на опозицијата.

Седницата за пратенички прашања ќе продолжи по дадената пауза.