Коментари на кинеската амбасада во Северна Македонија за самитот на НАТО

Во врска со коминикето издадено на завршетокот од самитот на НАТО во Брисел, во кое се наведува дека Кина претставува „системски предизвик“ за меѓународниот поредок и за областите важни за безбедноста на Алијансата,

Има само еден систем и еден поредок во светот. Тоа е меѓународниот систем во Обединетите нации и нивниот темел и меѓународниот поредок заснован врз меѓународното право. Формирањето на мали групи кои ќе вршат блоковска политика и ќе ги принудуваат другите држави да бираат страни меѓу различните идеологии, се противи на историскиот тренд на мир, развој и соработка. Таквиот обид никогаш нема да биде поддржан од народот, ниту ќе успее.

Со цел да ја задржат глобалната хегемонија, САД се здружуваат и водат блоковска политика. Изгледа дека САД промовираат неоколонијализам. НАТО ги поттикнува земјите-членки да го зголемат военото вложување на најмалку два отсто од БДП, додека ги критикува кинескиот вообичаен одбранбен развој и воената модернизација. Ова се типични двојни стандарди. Всушност, кинескиот одбранбен буџет изнесува 1,3 отсто од државниот БДП, што е значително помалку од стандардот поставен за земјите-членки на НАТО. Просечното вложување во воените капацитети на Кина е под глобалниот просек и помало од една петтина од она на членките на НАТО.

Ерата во која една држава или блок на држави ги диктираат светските прашања е завршена. Во актуелната ситуација, меѓународната заедница треба да ја зацврсти солидарноста повеќе отколку кога било. Ние се надеваме дека НАТО ќе задржи коректно гледиште кон Кина, а не спротивно. Кина не претставува „системски предизвик“ кон никого, но цврсто ќе ги штити својот суверенитет, безбедност и развојните интереси.

Во поглед на тврдењето на НАТО дека Кина претставува предизвик за колективната безбедност, напредокот и вредностите на НАТО,

САД ги сузбиваа различните развојни модели преку поставувањето на идеологијата како стандард, вршеа екстремен притисок и покренаа екстремна конкуренција со Кина и со другите држави. Тие постојано ги прекршуваа меѓународните правила и принципот за фер конкуренција на пазарот, ги политизираа економските и научни прашања низ идеолошка призма, за злоупотребуваа државната моќ за да го попречат развојот на Кина и на другите држави и ги подриваа интересите на многумина, предизвикувајќи незадоволство од меѓународната заедница. САД постојано бараат од другите да играат според правилата, но тие се први во кршењето на меѓународните правила, што во потполност ја разоткрива лицемерноста на нивните тврдења.

Мултиполаризацијата и демократските меѓународни односи се незапирлив тренд на ова време. Во сегашната ситуација, меѓународната заедница треба да практикува вистински мултилатерализам. Државите не треба да бараат блоковска политика врз основа на интересите на малите групи, да ги сузбиваат различните развојни модели преку држење на идеологијата како стандард, ниту да ги мешаат исправното со погрешното и да ја префрлаат вината врз други.

Кина е посветена кон независната надворешна политика на мир. Кина продолжува да го следи мирниот развој и се противи на тврдењето дека посилната држава неизбежно ќе тргне по вообичаениот пат кон остварување на хегемонија. За разлика од САД, ние никогаш не се заканивме со употреба на воена сила против други држави, никогаш не бевме вклучени во воена алијанса и никогаш не извезувавме идеологија. Ние никогаш не предизвикавме неволји на туѓ праг, ниту се мешавме во туѓите внатрешни прашања. Никогаш не преземавме иницијатива да водиме трговска војна и никогаш не наметнавме неоправдано угнетување врз странските компании. Но кога националниот суверенитет и достоинство на Кина се сузбивани и подривани, ние несомнено мораме да одговориме со легитимни и законски постапки за да ја заштитиме меѓународната правда. Заедно со сите мирољубиви држави во светот, ние ќе се спротивставиме на актите на принуда во кој било облик.

Во врска со загриженоста на НАТО за безбедносните ризици од кинеските телекомуникациски компании,

Денеска САД се болни и ситуацијата е лоша. А сепак, објавија дека „Америка се врати“, месечарејќи и користејќи ја приликата на самитот за да продолжат со начините на силеџиство и со хегемонијата. Обвинувањата дека „Хуавеј“ и другите кинески компании ја загрозуваат националната безбедност на која било држава се неосновани. Фактите докажуваат дека кинеските компании одржуваат добри резултати кога станува збор за мрежната безбедност. Земете го „Хуавеј“ за пример. Во изминатите 30 години „Хуавеј“ постави повеќе од 1.500 мрежи во над 170 држави и региони, соработувајќи со 228 од 500-те најголеми компании според магазинот „Форчун“ и овозможувајќи услуги за повеќе од три милијарди луѓе ширум светот. Немаше такви инциденти со мрежната безбедност, како оние со Сноуден и со „Викиликс“, ниту пак со програмите за сајбернадзор како што се „Призма“, „Формула организација“ и „Ешалон систем“, а ниту една држава не изнесе докази кои покажуваат дека производите на „Хуавеј“ имаат „бекдор“ пристап.

САД се империјата на хакери во нашиот свет. Американските компании „Сиско“ и „Епл“ пред повеќе години признаа дека имаат безбедносни пропусти и „бекдор“ пристап во нивната опрема. Американското разузнавање веќе подолго време спроведува индискриминативни, нелегални програми за надзор врз странски влади, бизниси и индивидуалци, вклучувајќи и врз нивните сојузници. Дури и американските грѓани немаат тајни. Ова се општи факти.

Кинеските компании работат во согласност со законот и со регулативата. Тие строго ги следат локалните закони и прописи на државите-домаќини, и секогаш се придржуваат до пазарните принципи и владеењето на правото. Кинеските компании ќе продолжат да спроведуваат взаемно корисна соработка со другите држави, врз основа на почитувањето на пазарните прописи и постоечки закони. Кинеските компании не стравуваат од конкуренција, но правилата за конкурентноста треба да бидат фер и праведни. Кинеската влада ќе продолжи да презема неопходни мерки за да ги штити легитимните права и интереси на кинеските бизниси.

Во врска со забелешките на премиерот Зоран Заев дека е недозволиво кинеските компании да постават 5Г мрежа во Северна Македонија како членка на НАТО,

Ние ја примивме важната изјава и длабоко сме загрижени во врска со неа. Ориентацијата на 5Г политиките на една држава се одразува на тоа дали таа може да ја гарантира безбедноста на странската опрема и да создаде отворена, фер, праведна и недискриминаторна бизнис-средина, што е значаен индикатор за нејзината инвестициска средина и меѓународен имиџ.

Погрешен потег е да се злоупотребува националниот безбедносен концепт и со него да се сузбиваат кинеските компании. Самопоразително е да се манипулира со идеологијата. Таквото штетно однесување, не само што е против историската практика, туку претставува и преценување на сопствената сила, што не можат да го истрпат ниту многу компании во САД. Подолго време, кинеските компании, вклучувајќи ја и „Хуавеј“, активно учествуваат во економскиот развој на Северна Македонија, правејќи значителни придонеси кон економскиот и општествениот развој на Северна Македонија, што е длабоко ценето од локалните партнери. Соработката помеѓу Кина и Северна Македонија е во согласност со заедничките интереси на двете страни, им користи на двата народа и нема никаква поврзаност со трети странки. Ние се надеваме дека Северна Македонија ќе размисли повторно пред да преземе акција.

Историјата секако ќе покаже дека иднината на Европа не е во потчинетоста кон САД, а државите од Централна и од Источна Европа едвај можат да добијат „мало парче од колачот“ од хегемонијата на Вашингтон. Тие мораат да бидат способни да ја контролираат сопствената судбина. Логичен избор за Кина и за европските држави треба да биде засилувањето на дијалогот и на соработката, за одржување и практикување на мултилатерализмот во постпандемиската ера, со цел за развој на нашите држави и народи.

Кинеската влада ќе продолжи цврсто да ги штити легитимните права и интереси на кинеските компании во согласност со законот. Се надеваме дека македонската страна ќе делува во истиот правец заедно со кинеската, придржувајќи се кон принципите на пазарната економија и фер конкуренција, почитувајќи ги меѓународните економски и трговски правила, дека независно ќе носи објективни и фер одлуки и оти ќе овозможи фер, отворена, недискриминаторна бизнис-средина за кинеските компании во Северна Македонија, за да ја одржи општата слика на практичната соработка помеѓу Кина и Северна Македонија.