Фото: Фејсбук/Кастриот Реџепи

Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој вчера не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека пријавата оти е исчезнат е невистинита, информираат од МВР.

– Во врска со вчерадобиената пријава во полициската станица Бит Пазар за К.Р., МВР известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство, заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница – се наведува во соопштението на МВР.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец, изразувајќи сомнеж дека тој е чуван под присила.

– Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видео од него – затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана – рече вчера Касами.