Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, нагласи лидерот на Беса, Биљал Касами, во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој посочи и дека Беса нема да прифати каков било кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од Владата, откривајќи дека разговарал со премиерот Зоран Заев на таа тема. Касами очекува собраниското мнозинство во иднина да се зголеми и владата да го реализира четиригодишниот мандат.

– Парламентарното мнозинство во иднина ќе се зголеми со други пратеници во Собранието и за првпат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четиригодишен мандат – истакна Касами.