Нашата позиција е правилна и е во согласност со европските и националните интереси, кажа бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во Варна, додавајќи дека пренесувањето на спорните прашања помеѓу Бугарија и Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата, пренесе „БНР“.

Каракачанов се осврна и на притисокот од членките на ЕУ за прифаќање на евроинтеграцијата на Македонија без забелешки.

– Јас првенствено сум вицепремиер на Бугарија и нема да правам компромис со антибугарска политика. Не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови и што се обидуваат да ги наметнат нивните позиции. Бугарија има јасни интереси. Јас го разбирам обидот на некои од партнерите да наложат да отстапиме, но Бугарија мора да се грижи за своите интереси. Му кажав на премиерот Зоран Заев дека тие ништо не направија три години и потоа беше доцна кога дојде моментот за решение – исткана Каракачанов.