Фото: Маја Јаневска-Илиева

Наредната недела најголемите политички партии во државата ќе ги објават кандидaтските листи за претстојните парламентарни избори. Според најавите, владејачката СДСМ, в понеделник, по Конгресот на партијата ќе ги објави изборните листи за претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. Според партијата, на огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, од кои ќе се изберат идните кандидати за пратеници по процесот на селекцијата на централно ниво.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, изјави рече дека имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето сѐ уште се во процес на избор за учество на листите.

Од друга страна, два дена подоцна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пак, официјално листите со кандидати ќе ги презентираат на јавен настан што ќе се одржи в среда на 11 март.

Како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет.