Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и претседател на Независни Грци, партија што е коалициски партнер во грчката Влада, по денешната средба со премиерот Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата, јавуваат грчките медиуми.

– Се сретнав со премиерот. Имавме прилично долга дискусија. Соработувавме во изминатите речиси четири години во владата на национално единство. Успеавме да ја извлечеме земјата од меморандумите. Првата цел беше постигната. По прашањето за Македонија, нема да си дозволам да не ја жртвувам позицијата. Му се заблагодарив на премиерот. По националното прашање, оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ ја напушта владата – рече Каменос.