Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос синоќа на Твитер објави реакција во врска со гласањето на уставните измени во македонското Собрание, на која реагираше и портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски.

– Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократија тие што не гласаат според наредбите се затворани, а послушните добиваат бонуси од два милиони евра црни пари. Засрамен сум, објави Каменос на Твитер. 

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски пак му возврати на Каменос, дека шири лажни вести кои веќе официјално ги негираше Владата.

-Почитуван, господине Каменос, бидете информирани дека споделувате лажни вести кои официјално ги негираше нашата Влада. Во духот на демократијата и добрата дипломатија, ајде да работиме на пријателство меѓу нашите земји- возврати Бошњаковски.