Страницава содржи факсимили и преводи на текстови објавени во „Њујорк тајмс“ и во други американски весници пред сто години за Македонците и за Македонија. Тоа се апсолвирани факти од светската историска наука за постоењето и битисувањето на Македонците како посебен национален супстрат, различен од оној од неговото територијално опкружување. Но дури и ваквите факти од страна на одредени квазиинтелектуалци и платеници, како и од познати центри на моќ, се извртувани и префабрикувани. Затоа, еве кратко потсетување за нашите верни читатели. Голем дел од текстовите од реномираниот „Њујорк тајмс“ беа објавени како фељтон во нашиот весник, во рамките на заедничкиот проект со прославениот режисер Милчо Манчевски, кој подолг период истражуваше низ американските архиви и најљубезно ни ги отстапи собраните факсимили од оригиналните објави.
Ова не е одговор на најновата антимакедонската кампања, туку мало камче во мозаикот на вистината за Македонците и нашата татковина, втемелено и во фундаментите на уредувачката политика на нашиот весник.

Страницава содржи факсимили и преводи на текстови објавени во „Њујорк тајмс“ и во други американски весници пред сто години за Македонците и за Македонија. Тоа се апсолвирани факти од светската историска наука за постоењето и битисувањето на Македонците како посебен национален супстрат, различен од оној од неговото територијално опкружување. Но дури и ваквите факти од страна на одредени квазиинтелектуалци и платеници, како и од познати центри на моќ, се извртувани и префабрикувани.
Затоа, еве кратко потсетување за нашите верни читатели. Голем дел од текстовите од реномираниот „Њујорк тајмс“ беа објавени како фељтон во нашиот весник, во рамките на заедничкиот проект со прославениот режисер Милчо Манчевски, кој подолг период истражуваше низ американските архиви и најљубезно ни ги отстапи собраните факсимили од оригиналните објави.
Ова не е одговор на најновата антимакедонската кампања, туку мало камче во мозаикот на вистината за Македонците и нашата татковина, втемелено и во фундаментите на уредувачката политика на нашиот весник.

6 декември 1903 г. Херојската борба за слобода на Македонија

Востаничките чети во Македонија во својата организација и методи на дејствување се слични на системот што се користеше во Бугарија пред нејзиното ослободување. Животот на востаниците е полн со страдања. Тие честопати со денови се оставени без храна, ретко преспиваат двапати на исто место и постојано се во опасност. Пред да станат дел од четата, востаниците положуваат заклетва никогаш да не се предадат. Однесувањето и бројноста на четите практично целосно зависат од младите мажи. Сепак, во четите има и неколку познати жени. Најпозната е Екатерина Арнаудова. За неа се вели дека е еден од најдобрите стрелци на Балканот и има многу приказни за нејзините јунаштва. Меѓу востаниците има и поранешни учители, од кои еден од нив заедно со својата свршеница загинал додека се борел во четите.

Македонците речиси се ослободија од турското владеење при крајот на Руско-турската војна во 1878 година. Поради ова и тоа што нивните бугарски соседи уживаат голем просперитет, тие никогаш не престанаа да се борат за да го добијат истиот статус. Движењето беше особено силно на почетокот од 1890-тите години и доби голем замав во 1895 година, што се должи на големиот интерес на принцот Фердинанд. Меѓу другите, Сарафов, како тогашен офицер во бугарската војска, се обиде да поттикне востание, кое беше задушено од страна на Турците.

Револуционерната пропаганда многу се рашири кај младите генерации во Македонија, кои силно се интересираа за идната слобода. Почна да се набавува оружје и да се изведуваат воени вежби во селата. Но одреден период не постоеше централна организација и постоеја само повеќе мали поделени организации. По неколку години, една од нив стана доминантна, во која членуваа Делчев (сега покоен), Груев, кој сега е предводник на битолскиот револуционерен округ, Ѓорче Петров и Татарчев, како надворешен претставник. Нивното мото е „Македонија за Македонците“. Тие се издвоија од Бугарите и од Македонците што живеат во Бугарија, кои ги формираа старите комитети со седишта во Софија.

13 јануари 1903 г.Македонците ќе се кренат на востание

Лидерите на револуционерите одлучија востанието да избие на 1 април. На Михајловски му беше порачано дека дипломатијата веројатно ќе им помогне на револуционерите
Лидерите на македонското револуционерно движење во Бугарија одлучија, според последните дописи од Софија за весникот „Восихе цајтунг“, востанието да избие на 1 април. Генералот Михајловски, наедно и претседател на Македонскиот централен комитет, одржа состанок со 30 претставници на македонските провинциски организации и со разни други влијателни револуционери и им поднесе извештај за резултатите од неговите посети на Виена, Париз и на Лондон.
Борис Сарафов, македонскиот лидер и бивш претседател на комитетот, исто така регрутира востаници за инвазија на Македонија.

16 февруари 1903 г.Масовен собир на Македонците

Масовен собир на 10.000 Македонци беше одржан во Софија денеска за да се протестира против одлуката на тамошната влада за укинување на македонските комитети во Бугарија. Собирот бараше повторно формирање на македонските здруженија, како и судски казни за поединечни престапници.
Биле издадени налози за апсење на Борис Сарафов, Јанков и други македонски лидери. Се смета дека Сарафов е во Македонија и организира востание. Имаше неколку апсења на македонски лидери во неколку провинциски градови. Владата кривично ќе ги гони уапсените.

15 февруари 1903 г.Бугарија ги расформира македонските комитети и уапси повеќе агитатори

Официјално се пренесува дека бугарската влада донесе одлука да ги расформира македонските комитети во Бугарија и да распореди силен воен кордон по должината на границата со Македонија, на тој начин покажувајќи ја подготвеноста на државата да ги исполни своите меѓународни обврски. Претседателот Михајловски од Централниот македонски комитет, генералот Цончев, како потпретседател, претседателот Станчев од македонскиот комитет на Сарафов и многу други беа уапсени. Македонците утре ќе се соберат на масовен протест против одлуките на бугарската влада и ќе бараат ослободување на затворениците.

16 јануари 1909 г.Артур Д. Хауден Смит го пренесува своето искуство од герилската војна со познатите македонски чети

Артур Д. Хауден Смит своето искуство од Македонија го раскажа во книгата „Борбата против Турчинот на Балканот“. Тој одамна се интересираше за состојбата на Балканот и уште од 1907 година замина таму. По пристигнувањето во Софија, тој веднаш стапил во контакт со Револуционерниот комитет и веднаш побарал да биде испратен во Македонија во една од револуционерните чети. Се запознал со доктор Татарчев, кој течно зборувал англиски јазик.
По внатрешните консултации, Комитетот одлучил да го прими Смит во своите редови и за кратко време станал дел од четата на Петар Милев, која беше вклучена во пресметките со Турците, како и во други начини на нивно протерување.
Смит се вратил дома со големи симпатии кон Македонците и ги делел истите ставови за македонското прашање како и самите Македонци.

30 октомври 1909 г. Ајдукот на Сониксен

Писателот Алберт Сониксен секогаш ги споделувал искуствата во своите книги. Се сметаше дека бил застрелан во еден судир меѓу Турците, Грците и Македонците, но очигледно се работело за неточна информација, затоа што во продажба излезе неговата книга „Исповедите на македонскиот четник“.
Сониксен бил во Македонија како член на Револуционерниот комитет. Во неговата книга тој зборува за неодамнешната Младотурска револуција. Последната глава од книгата „Исповедта на меланхоличниот револуционер“ е полна со досетлив хумор. Сониксен лично зборувал со грабнувачот на Мис Стон. Христо Чернопеев, грабнувачот на Мис Стон, воопшто не бил нечовечен. Кутрите Македонци сакале само да добијат пари и затоа ја заробиле Мис Стон.

25 август 1915 г.

Секој што ги следел настаните во последната Балканска војна увидел дека масакрите и крвавите дела на бугарската армија врз Македонците никогаш немаше да се случат доколку тие навистина беа Бугари.

13 март 1902 г.Глоуб-репабликан – Доџ Сити, Канзас

Мис Стоун е киднапирана за да се обезбедат пари за купување оружје – за Македонците

20 мај 1903 г.Барбур каунти индекс – Медисин Лоџ, Канзас

Борис Сарафов ја пропагира идејата за Македонија на Македонците. Тој е конспиратор и бунтовник од класичен тип… Тој, накратко, е екстремист. Македонец по раѓање, на млади години бил испратен во Бугарија, каде што се школувал. Влегол во бугарскиот општествен живот, но наскоро се повлекол со намера да работи за спас на своите сонародници од ропството на Турците.

18 август 1903 г.Јорквил енквајер – Јорквил, Јужна Каролина

Тоа е истата неволја што предизвика толку многу превирања и крвопролевања во Југоисточна Европа – угнетувањето на христијаните од страна на Турците и желбата на македонските и бугарските христијани да ја отфрлат турската власт.

23 ноември 1919 г.Њујорк трибјун – Њујорк, Њујорк

Ерменскиот херој и генерал Антраник се борел на страната на Македонците.

26 септември 1918 г.Њујорк сан – Њујорк, Њујорк

Меѓу заробените од страна на сојузниците во текот на офанзивата имаше многумина Македонци што беа насилно регрутирани во бугарската армија.