Фото: Игор Бансколиев

Се проценува дека од 10 до 30 отсто од луѓето што претходно биле здрави и доживеале само слаба форма на коронавирусот, долгорочно не се целосно закрепнати. Симптомите што ќе бидат опишани во продолжение укажуваат на фактот дека реконвалесцентите од ковид-19 што ги чувствуваат не се целосно закрепнати и дека треба дополнително да вложат напори за закрепнување

Прашање што ги мачи многумина што се соочиле со ковид-19

Долготрајната пандемија веќе покажа дека симптомите што остануваат по прележаниот коронавирус во голема мера влијаат на животите на луѓето. Во една неодамнешна студија беше објавен попис на најчестите симптоми што се појавуваат откако веќе сте ја имале болеста, а, според најновите сознанија на американските и британските стручни лица, тие не исчезнуваат баш толку брзо.

Чувство на потполна исцрпеност
„Хроничен замор е најчесто пријавуваниот симптом на болеста; во овој случај вие нема да се чувствувате само сонливо туку и нема да можете да функционирате како пред болеста. Тоа е како некој постојано одново да ве тепа“, образложува Пол Гарнер, професор на Универзитетот во Ливерпул, додавајќи дека првите два месеца по болеста нему лично му биле многу тешки, дека сега состојбата се подобрува, но дека и понатаму чувствува силен замор, има „магла“ во главата и не може добро да се концентрира, па справувањето со сето тоа е секојдневна работа.

Плиток и краток здив
Ковид-19 е примарно респираторна болест и штетата што ја предизвикува врз белите дробови тешко се поправа. Се разбира, иако некои од луѓето немаат никакви проблеми, оние што ја искусиле оваа состојба, можат да страдаат од неа многу долго по инфицирањето. Се работи за вториот најчест симптом на долгиот ковид.

Чувство на болка во мускулите
Д-р Ентони Фаучи предупредува дека долгиот ковид често има симптоми како болки во мускулите и зглобовите, температура, замор и когнитивни проблеми, како на пример тешкотии во врска со меморијата. Фаучи додава дека овие лица ги имаат споменатите симптоми долго време по завршетокот на самата болест и дека тие едноставно не престануваат.

Проблеми со концентрацијата
Еден од честите симптоми што се видливи кај лицата со прележан ковид-19 е нешто што го опишуваат како „магла“ во мозокот, а што може да се однесува на проблеми со краткотрајна меморија, губење на помнењето, генерална конфузија и проблеми со концентрацијата, или пак луѓето едноставно се чувствуваат поинаку одошто се чувствувале пред самата болест. Значи, може да има долготрајни последици, а „маглата“ во мозокот е само една од нив. Се разбира, овие проблеми воопшто не се наивни и безопасни.

Главоболки
Силните главоболки може да бидат предизвикани од ширење и стегање на крвните садови во мозокот. Можно е овој проблем да се јави и кај децата.
Ги анализиравме симптомите на долгиот ковид кај децата и, за жал, забележавме дека кај нив најчесто се јавуваат во форма на замор и главоболки – објаснува Рошел Валенски, директорка на Центарот за контрола и превенција од болести.

Воспаление на срцето (срцевиот мускул)
Откривме дека постојат пациенти што наполно заздравеле и на прв поглед се чини дека немаат никакви симптоми, но доколку пациентот се прегледа, на пример со магнетна резонанца, се забележува дека голем број од нив имаат срцево воспаление. Токму ваквите податоци ни укажуваат дека мора да бидеме послушни сè додека во целост не ја разбереме природата на оваа болест – заклучува доктор Фаучи.