За законот за служба во армијата гласале 7 пратеници, не можам да сфатам какво е ова лицемерие. Промената на името на Армијата е веќе донесен закон. Имаме пратеници кои гласале за законот со веќе променето име на државата, а тоа се пратениците Жаклина Пешевска, Влатко Ѓорчев, Иван Иванов, Слаѓана Митовска, Никола Мицевски, сега тие исти колеги не сакаат да гласаат за законот за одбрана –  рече пратеничката Нола Смајловска Исени.

Но, за кратко во салата настана тензична атмосфера откако пратеничката Пешевски испровоцирана зошто Исмајловска ѝ го споменала името од говорница, дојде до нејзината маса и ѝ го турна телефонот. 

 – Како не ти е срам да ми го споменуваш името. Со кое право. Ова повеќе да не ти се случило – ѝ се обрати Пешевски со висок тон на Исмајловска.

Нервозаната пратеничка од масата кај нејзината колешка ја трнаа неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ.