Правата на етничките Бугари во Македонија го загрижуваат поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој за „БГНЕС“ ги коментираше резултатите од локалните избори во Македонија по кои премиерот Зоран Заев поднесе оставка.

– Се разбира, не можеме, а да не бидеме загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Тие се оние кои зборуваа за потребата од раскинување на договорот, за обновувањето на натписите на спомениците кои ја карактеризираат нашата земја како фашистички окупатор и кои повикаа на општа дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија – истакна Каракачанов.

Бугарскиот политичар смета и дека прашањето за влезот на Македонија во Европската Унија сега изгледа многу комплицирано, изразувајќи жалење што Владата на Заев не успеала да најде заеднички јазик со Бугарија.