Исланд денеска го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, објави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на Фејсбук.

– Благодариме Исланд. Уште еден доказ за нашата успешна надворешна политика. Денеска парлементот на Исланд, го ратификуваше протоколот за членството во НАТО, за Северна Македонија- напиша Николовски.
Со оваа ратификација, додава тој, 28 од 29 земји членки ја завршиле постапката за ратификацијата на протоколот за НАТО односно таа е во крајна фаза.