Премиерот Зоран Заев вчера најави дека денеска до парламентот ќе ги достави имињата на новите министри во Владата.
– Реконструкцијата ќе ја предложам утре, затоа што поради денешната пресуда не знаев дали ќе има цела влада. Подготвен сум. Имињата се утврдени и биографиите на новите министри и заменик-министри утре наутро ќе бидат процесирани до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата – изјави вчера Заев одговарајќи на новинарско прашање пред Кривичниот суд, во кој претходно беше ослободен од обвинението во случајот „Поткуп“.