Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието на Република Македонија треба да ги достави предлозите за реконструкција на Владата.

–  Биографиите на новите министри, заменици и директори ќе бидат навреме поднесени до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата- изјави Заев вчера пред Кривичниот суд.

Минатата недела премиерот најави дека нови коалициски партнери во Владата ќе бидат БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

– Имаме постигнато договор со БЕСА на пратеникот Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој делуваше независно во изминативе месеци- изјави Заев.

Тој додаде дека дека Бајрам нема да добие министерски места, туку други позиции.

Како што објавија медиумите извесно е заминувањето на Рената Дескоска од Министерството за образование и наука во Министерството за правда.

Дескоска вчера одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда,  рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.