Фото: Игор Бансколиев

Излезеноста до 9 часот изнесува 5,25 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, на денешната прес-конференција. Досега правото на глас го искористиле вкупно 56.700 лица.

– Гласањето во сите избирачки места почна навреме, имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и низ државата. Сите проблеми се решени и гласањето продолжува. Каде што гласањето беше прекинато за повеќе од еден час, ќе биде продолжено колку што изнесувал прекинот – кажа Даштевски.

Технички проблеми биле забележани во скопските општини Кисела Вода, Карпош, Сарај и во Центар, како и во Злетово, Чешиново-Облешево, Македонски Брод и во Лабуништа, според претседателот на ДИК. Причини за техничките проблеми биле неработењето на мемориските картички или недоследноста на податоците на уредите.