Фото: Маја Јаневска-Илиева

Излезеноста до 18.30 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 48,88 отсто, односно гласале вкупно 555.943 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Најголем одзив има во Вевчани со 81,2 отсто, а најмал во Сарај со 28,12 отсто.

Гласањето ќе биде продолжено и по 19 часот на повеќе избирачки места, од кои седум се во Скопје (по три во Центар и во Сарај и едно во Карпош).

Даштевски го оцени изборниот ден како успешен, при што напомена дека гласањето било фер и демократско, со изолиран број на инциденти.