Фото: Маја Јаневска-Илиева

Излезеноста до 17 часот изнесува 42,35 отсто, според податоците на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК).

Досега правото на глас го искористиле вкупно 543.867 лица, покажуваат обработените податоци од 2.347 гласачки места од вкупно 2.454.

Најголема излезеност од 75,6 отсто е забележана во Вевчани, а најмала во Сарај со 22 отсто.