Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија денеска ќе биде разгледан во Собранието.

Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Семуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон.