Пратениците попладнево ги избраа Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ за нови заменици-министри во Владата.

Колемишевски кој ќе биде заменик-министер за економија беше избран со 62 гласа „за“, 13 против и без воздражни. Наумовска е избрана со 63 „за“, 15 против и без воздражни и ќе ја извршува функцијата заменик во Министерството за образование и наука. Мехмедовиќ, кој ќе биде заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, беше избран со 61 глас „за“, 13 против и без воздржани.

Претходно беа избрани и двајца нови министри, Нина Ангеловска за финансии и Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.