Претседателските избори во земјава ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари, акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 1.940, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје 583 и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје 329 набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 240, потоа Светски македонски конгрес Скопје 59, Амбасадата на САД  42, Делегацијата на ЕУ 16…

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.