Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини владата дека купува школки, октоподи и морска риба, додека -народот нема за леб и сол.-

Според Јанушев, Бирото за јавни набавки на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период -додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа.-