Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска изјави дека нема информации за текот на вчерашните разговори за спорот со името што во Виена ги водеа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц. Иванов истакна и дека засега не е планирано одржување лидерска средба.

– Од вчерашната средба се уште немаме никакви информации. За се што се разговарало треба да го прашате министерот за надворешни работи и ова прашање да го поставите до Владата – изјави претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ.