Албанскиот кандидат за премиер, Насер Зибери на прес-конференцијата во седиштето на партијата изјави дека тие издвоиле убедлива победа во повеќе изборни единици низ државата.

– Резултатите велат дека имаме убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, до Лојане на север. Сега чекаме официјални резултати од ДИК да се претворат во мандати, зошто мандатите ќе се утврдуваат на основа на степенот на гласање – рече кандидатот за македонски премиер, Зибери.

Зибери нагласи дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите во моментот, со оглед дека и ДИК има проблеми околу објавување на информации. Воедно не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

– Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа за тоа општество каде секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во своја куќа – рече Зибери.

Додаде дека идните преговори ќе бидат водени од лидерот на партијата, Али Ахмети.