Кандидатот за премиер Насер Зибери и носителот на листата изборната единица два, Арбр Адеми, денеска, во дворот на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир, остварија средба со учителите и наставниците, за да ги слушнат нивните потреби и да разговараат за можностите за подобрување на квалитетот на образованието, особено еднаквоста во образованието.

– Мојата заложба во текот на првите 100 дена како премиер Албанец предвидува исто така и подобрување на иднината на нашите млади. Ќе го направиме задолжително предучилишно образование и ќе обезбедиме градинки во секоја општина – рече Насер Зибери, додавајќи дека задолжителното предучилишно образование гарантира еднакво образование за сите деца без оглед на нивниот социјален статус и им помага на новите семејства што е научно докажано, и дека предучилишното образованието придонесува за образовните кариери на децата и го намалува социјалниот јаз.

Кандидатот за премиер, Насер Зибери, се осврна и на задолжителното воведување на албанскиот јазик од 5-то одделение.

– Законот за јазиците е донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, а албанскиот јазик, сега веќе е официјален јазик во земјата. Ова е најважното достигнување за нас Албанците – посочи Зибери.

За време на посетата, носителот на листата на изборната единица два, Арбр Адеми, истакна дека ќе се инвестира во образовната инфраструктура, во изградбата и реновирањето на градинките и училиштата во албанските населби, проекти за кои посочи дека дел се веќе во тек.

– Да изградиме еднаква инфраструктура, училишта и модерни градинки, дури и во населбите што се изоставени во однос на инфраструктурата долги години – истакна Адеми.