Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денес престојуваше во Општина Гостивар, односно ја посети компанијата „Монтенегро“ каде презентира своето прво изборно ветување за еднаква економија во приватниот сектор.

– Денешната посета на компанијата „Монтенегро” претставува позитивен пример за тоа како треба да работи нашето мултиетничко општество. Овде вие работите заедно: Албанци, Македонци, Турци. Вие се поддржувате едни со други, вие сте соработници, а некои од вас се дури и пријатели. Сепак, ова сè уште не е вообичаена состојба во нашето општество – истакна Зибери при што додаде дека нашите заедници сè уште се поделени во многу области од нашето општество, дури и во економијата; се уште многу компании веројатно нема да вработат член на етничко малцинство; се уште, во многу претпријатија има нееднаквост и дискриминација.

– Ова е едно од многуте прашања на кое што сакам веднаш да се посветам како прв премиер албанец на Северна Македонија. Додека во изминатите две години, еднаквоста во јавниот сектор и во администрацијата се подобри во голема мера, во приватниот сектор сè уште сме далеку од тоа што го нарекуваме еднакви можности. Кога зборувам за еднаквост, не зборувам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите малцинства, а исто така и за Македонците. Бидејќи, еднаквоста не е неопходна само за современото општество, туку ја зајакнува и економијата – нагласи кандидатот за прв премиер албанец Зибери, притоа потенцирајќи дека како прв премиер Албанец, ќе биде премиер за сите и ќе овозможи обединување на општеството.

Во овој контекст тој додаде дека кога сите работат заедно, ги делат и истите интереси, се обединуваат во остварување на заедничката цел – успех на компанијата, односно поголеми плати.

Зибери при посетата на компанијата се осврна и на евро-атлантска иднина на нашата земја, како членка на НАТО, а наскоро и на ЕУ, притоа додавајќи дека пред нашата земја стои шанса да го надмине минатото, да доведе до обединување на сите и да се движи напред.

– Изборот на првиот премиер Албанец, прв со немнозинска етничка припадност, е сигнал за целиот свет. Доказ дека Северна Македонија е дел од модерната Европа и дека е далеку понапред во регионот, со зрела демократија и рамноправно општество – додаде тој при што потенцираше дека откако ќе биде избран за премиер, една од првите негови иницијативи ќе биде да се зголеми еднаквоста во приватниот сектор, при што за секое ново вработување, што подобрува еднаква застапеност во компанијата, државата ќе покрие 50 проценти од социјалните придонеси, оваа мерка, ќе биде мотивирачки за сопствениците на деловни активности да ја зголемат еднаквоста во нивните компании и да создадат амбиент на еднакви можности.

Од економски аспект Насер Зибери истакна дека економската преродба – еднаква за сите покрај зголемувањето на еднаквата застапеност, ќе овозможи поддршка особено на малите и средни претпријатија, не само за надминување на кризата и обезбедување на постојните работни места, туку и за зголемување на платите и создавање нови работни места, која ќе треба да ги охрабри претприемачите да инвестираат во иднина, во иднината на нивните компании, но и во иднината на луѓето. За таа цел се планирани низа мерки и стимулации за нови вработувања, како што се: нула данок на добивка за секое лице вработено под 35-годишна возраст, а што се вработува за прв пат; покрај тоа, компанијата ќе добие стимул/подршка од 1500 евра за да им дадат можност на младите луѓе за прво вработување. За да се зголемат инвестициите, на малите и средни претпријатија, ќе им се доделат од 5000 до 10000 евра за да ја купат потребната опрема, а се во насока на обезбедување на еднакви можности во економијата и добро платени работни места за сите граѓани.