Фото: Маја Јаневска-Илиева

Утре во „Нова Македонија“ академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

Академик Коцарев се осврнува на спрегата помеѓу справувањето со пандемијата и владеењето во Македонија. Академик Коцарев ги отвора и предизвиците за Македонците во соочувањето со биолошката и духовната смрт. Имено, духовното постоење на Македонците може да се оправда само преку повеќевековното постоење на македонскиот јазик и македонската нација, не само на територијата на денешна Македонија туку и пошироко. Така, за духовната смрт на Македонците се вели дека особено може да биде предизвикана и од таканаречените „процеси“ на ЕУ-интеграциите…