Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Илхан Кјучук, во врска со спорот со Бугарија вели дека не постои лесен разговор за историјата, но треба да се гледа во иднината.

– Стратешки интерес на Бугарија е Македонија да биде дел на Европската Унија – рече Кјучук.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека и покрај разочарувањето во земјата, со несмалено темпо се одвива дијалогот со Бугарија.

– Македонија испорача на сите полиња и заслужува напредок – смета Османи.

Тој ја појасни неговата изјава дека досега земјава била преемоционална во дебатата за спорот со Бугарија, велејќи дека во иднина преговорите нема да бидат под влијание на дневната политика.