Фото: Маја Јаневска-Илиева

УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА АКАДЕМИК ЉУПЧО КОЦАРЕВ

Претседателот на МАНУ прави анализа на нашето живеење и неговата поврзаност со бројките. Тој се осврнува на трансформацијата на владеењето, на Преспанскиот договор, на референдумот од 2018-та, нагласувајќи дека патеката по која тргна Македонија може да заврши во бездна, да доведе до целосно разнебитување, разорување, распаѓање на државата Македонија. Во текстот, академик Коцарев нуди и решенија, истакнувајќи дека копнее за помирување меѓу Македонците, за општествен и духовен мир, без дивеењата со кои се соочуваме и живееме катадневно веќе со години