Денеска во Собранието на Македонија, во третото читаше беше донесен Законот за судски совет. Сега, според Законот, Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството, ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

Членовите на Советот во вршењето на функциите не смеат да остваруваат партиска активност. Советот со својата работа оневозмошува политичко влијание во судството и се забранува политичко организирање и дејствување на Советот, стои во членот 3.

Претходно денес, во Собранието беше изгласан законот за Изборниот законик, кој претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише. Заедно со овој закон, беа изгласани и закони за практиканство, финансиска поддршка на инвестициите, за влада и за спорт.