Верувам дека до крајот на неделата, собраниската Комисија за избори и именувања ќе ги именува членовите на Државната изборна комисија, рече премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање.

– Она што го слушнав вчера, додека беа пратеничките прашања, е дека чекаме на одлука на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ги утврди своите претставници, како и ДУИ. Веројатно помалата опозициска партија го има тоа направено и како што ме информираа координаторите на пратеничките групи, тоа ќе се заврши – рече Заев.