Премиерот Зоран Заев заедно со лидерите од балканските земји вечерва присуствуваше на работна вечера со досегашната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини.

-Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера.
Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност – напиша Заев на Фејсбук.