Доналд Трамп, Зоран Заев и Јенс Столтенберг (од лево кон десно)

Македонскиот премиер Зоран Заев се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во текот на самитот на НАТО во Лондон, објавувајќи ги фотографиите од нивната средба, на неговиот профил на Твитер. Покрај Трамп и Заев, се најде и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Македонскиот премиер се ракува со американскиот претседател

– Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца – напиша Заев во прилог на фотографиите.