Со носењето на Законот за употреба на јазиците никој не загуби ништо, а со него се доби само повеќе единство и меѓусебно разбирање, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на трибина во Гостивар.
Тој кажа дека Гостивар е изворот на концептот едно општество за сите.

– Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да нè јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе. Тоа е единствениот модел кој може да им гарантира подобра иднина на нашите деца. Ви благодарам што верувате во тој концепт, ви благодарам што верувавте во овој концепт и кога многу други не веруваа – порача Заев пред граѓаните на Гостивар.