Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека доколку не се донесе решение за законот за Јавно обвнителство, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори. Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.

– Ако опозицијата се обидува да го минира законот за ЈО, Собранието нема да се распушти. Одложување на изборите сигурно нема. На 12 април се изборите, убаво е да се случи распуштањето на парламентот како што тоа го наведува законот – рече Заев.