Премиерот Зоран Заев истакна дека сега не е рационално да се разговара со Бугарија и да се бара решение за проблемот, кога бугарските политичари се фокусирани на изборите, во текот на гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Сител.

– Сега не е рационално да се разговара, зашто бугарските политичари се исправени пред избори, но Акцискиот план ќе помогне многу за голем дел од работите да се реализираат побрзо и кај нас и кај Бугарија. Акцискиот план произлегува од Договорот за пријателство и е од наш интерес, а целта е поинтензивна соработка. Идејата е да се разговара за она што е возможно да се реализира до 28 март, кога се изборите во Бугарија – истакна Заев.

Тој децидно го отфрли предлогот на опозицијата за одржување предвремени избори и потенцираше дека пописот е законска обврска која мора да се спроведе.