Предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието изјави лидерот на СДСМ и мандатар за составување на влада Зоран Заев, за ТВ21.

– Парламентот прво мора да го утврди бројот на потпретседателите и уште некои други одлуки, а исто така, треба да го верифицира и мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот, штом Собранието заврши со сите овие претходни постапки –  изјави Заев, додавајќи дека станува збор за пратеници кои се следни на листата, откако некои беа предложени за министри.

Рокот за поднесување на предлогот за состав на нова влада е 2 септември.