Предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието, изјави претседателот на СДСМ и мандатар за составување влада Зоран Заев.
– Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници што доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе ги доставам предлогот за влада и владината програма до парламентот – рече Заев.
Тој потврди дека станува збор за пратеници што се следни на листата на пратеници, откако некои беа предложени за министри.
Рокот до кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада е 2 септември.