Зоран Заев поднесе оставка на премиерската функција, како и на лидерската позиција во СДСМ на вечерашната прес-конференција по вториот круг на локалните избори.

– Ја преземам одговорноста на себе за ваквиот развој на настаните. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа за силна Македонија. Изразувам посебна огромна почит до мојот прогресивен народ. Посакувам новите градоначалници одговорно и чесно да им служат на граѓаните. Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот – рече Заев.