Фото: Игор Бансколиев

Да седнеме како одговорни политичари и да преземеме одговорност за системско решение за Законот за Јавно обвинителство, бидејќи тоа е аргумент плус за европската интеграција – порача Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

– Треба сите да понесеме одговорно, да преземеме чекори и да го донесеме Законот за јавно обвинителство ако не пред, тогаш да го донесеме и по изборите, какви да се состојбите по изборите сепак тоа останува наша обврска бидејќи е двотретински закон, а можеме тоа да го направиме сега, додека работи парламентот, па да и дадеме плус аргументи на ЕУ, за да осигураме позитивна идна одлука на Европскиот совет. Иако тоа не е услов, не е дел од Извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент плус, но најголемиот аргумент за сите нас е тоа што овој закон е последниот од структурните закони во делот на правосудството, за после тоа да може да очекуваме максимална имплементација за законите од правосудството, а со тоа да ги подобриме и состојбите во правосудството – порача Заев.