Три години СДСМ е посветен кон реализација на концептот – парите назад кон граѓаните. Три години обезбедуваме повеќе пари кон секој поединец во семејството. Уште во првите сто дена од мандатот ја зголемивме минималната плата без дискриминирање на работници. Денес и по сите противења на ВМРО ДПМНЕ минималната плата изнесува 14.500 денари, а до крајот на новиот мандат ќе ја носиме на 20.000 денари. Ова меѓу другото го изјави на прес-конференција во Прилеп лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој воедно е носител на листата за кандидати за пратеници во ИЕ 4 на колаицијата „Можеме“.

Според Заев во трите години зад нив растела и просечната плата, а ќе расте уште повеќе.

– Нареден таргет е до крајот на мандатот 34.000 денари просечна плата. Ја исправивме
неправдата кон стечајните работници. Денес, 12 илјади сограѓани добиваат по 8.000 денари надоместок, а ќе добијат и платежна картичка. Додека многумина не веруваа, а ВМРО ДПМНЕ се противеше, ја спроведовме мерката за враќање на пари кон граѓаните со Мој ДДВ. Овој проект продолжува затоа што лимитот го зголемуваме. Со концептот парите кон граѓаните продолживме и во кризата. Со платежните картички и ваучерите вративме 28 милиони евра. Последниот период и пензионерите ќе добијат домашна платежна картичка и други категории. Ова е доказ што значи вистинска грижа за граѓаните. Граѓаните ја гледаат разликата и на 15 избори, и на целосно безбедни избори, на гласање со целосна заштита, граѓаните ќе изберат овој концепт да продолжи уште повеќе и подобро. На 15 јули граќаните избираат да продолжи растот на платите и пензиите, парите да се враќаат, и нема да дозволат обнова на режимот – рече Заев.

На новинарско прашање за изјавите на Aли Ахмети дека им се „тресат нозе“ на Заев и на Христијан Мицкоски, односно коментар за изјавата на Мендух Тачи за мултиетничка Влада, Заев со став дека ќе има мнозинство за Влада.

– СДСМ заедно со коалицијата „Можеме“ очекува сами да обезбедиме мандат за
формирање на Влада. Но, и во такви околности ќе влеземе во коалиција за рамноправно обезбедување на сите етнички заедници во парламентарното мнозинство. Нема да дозволиме уцени и тајни преговарања. Можеме да преговараме за програмски определби. Не зависи од Ахмети, Тачи… туку зависи од граѓаните, кои се надевам дека ќе излезат во масовен број да дадат легимитет, на овие избори и на идните институции. Тие да кажат кој ќе биде претседател на Владата… Сите концепти ќе бидат мултиетнички, тоа е нашиот концепт. Помислата дека треба да одат во опозиција не е лесна работа. Тоа чувство го знаат и Ахмети и Мицкоски – истакна Заев во Прилеп.
Ка.М.