Фото: Маја Јаневска-Илиева

Изборите би можеле да се одложат доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони што се значајни за животот на граѓаните, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

– Стопати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност, пред сè граѓанска и политичка, е да не дозволиме што било да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните – порача премиерот Заев, во врска со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

Тој уште рече дека нема да им го дозволат тоа на сите оние што се обидуваат да опструираат, но истовремено побара и од парламентарното мнозинство да биде присутно на седниците за да се изгласаат суштинските закони.