Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе има работна средба во Париз со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со Макрон.